Публикации

МЗШВ Јавен повик март 2023 / Финансирање на земјоделски производители на храна (Неповратна финансиска подршка)

Изображение
Финансиската поддршка е секогаш добредојдена како во примарното земјоделско производство така и во секторите на доработка и преработка на земјоделски производи,  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство односно МЗШВ на 09.03.2023 објави нов јавен повик за финансирање на земјоделски производители на храна од неживотинско и животинско потекло. Право на учество имаат земјоделски стопанства , правни и физички лица, запишани во Единствениот регистар и евидентирани како оператори на храна. Висина на неповратната финансиска подршка Висината на неповратната финансиска подршка од оваа програма изнесува до 600 илјади денари по корисник. Финансиската подршка може да биде за следните намени - трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90% и/или - трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка п...

ФИТР - јавен повик / 9 идеи за дигитализација во земјоделско-прехранбениот сектор

Изображение
Отворен е нов јавен повик  Фондот за иновации и технолошки развој под наслов „Со дигитална трансформација до иновација”, за којшто со проекти може да аплицираат мали и средни претпријатија од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор. Целта на овој јавен повик од ФИТР е да се унапреди иновативноства и конкурентноста на претпријатијата преку воведување на дигитални решенија со коишто би постигнале дигитална трансформација во работењето. Вкупниот буџет за проектите што ќе бидат одобрени, изнесува 18.450.000 денари. Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проект од микро или мало претпријатие, односно до 50% вкупниот буџет за проект од средни претпријатија. Максималниот одобрен износ изнесува 1.845.000 денари.  Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 20.03.2023 година, до 14:00 часот. 9 идеи за дигитализација во земјоделско-прехранбениот сектор Соодвети идеи за проект може да бидат следните: 1. Онлајн и мобилни платформи кои ја олеснуваат продажбат...

Агро дрон - современа технологија за поголема продуктивност и повисоки приноси во земјоделството

Изображение
Употребата на агро дрон во земјоделството е се повеќе застапена во светски рамки. Агро дрон е беспилотно летало коешто е наменето за побрзо и поефикасно третирање при заштитата на земјоделските култури, како и за следење и управување на состојбите на земјоделските површини. Агро дрон може да се употребува како во полјоделството, така и во овоштарството и лозарството. Употребата на агро дрон во земјоделството е економски исплатлива, посебно кога е потребно третирање на поголеми површини, над 5 хектари. Предности на употребата на адро дрон при третирањето во заштитата на земјоделските култури Една од основните и најважните активности во земјоделството е третирањето на растенијата со препарати во течна состојба за заштита од штетници и болести. Притоа, употребата на агро дрон ги има следните предности: 1) Заштеда на вода и препарати. Заради поситните капки, има значително помала потрошувачка на вода во однос на класичниот начин на третирање. Со едно полнење на резервоарот на еде...

ИПАРД програма 2022 - Јавен повик за набавка на трактори

Изображение
Photo by form Pxhere АФПЗРР објави Јавен повик (проекти од мерка 121) за аплицирање за добивање на средства од ИПАРД Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Целта на оваа мерка е развој и модернизација на земјоделските стопанства. Предмет на огласот е финансиска поддршка за набавка на трактори . Корисници на финансиски средства за набавка на трактори За проектите од мерка 121 , потенцијални корисници се земјоделски стопанства, во согласност со Законот за земјоделството и руралниот развој по следниве основи: Физички лица: - Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност; - Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување; - Носител на семејно земјоделско стопанство - Носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност; Правни лица: - Трговски друштва регистрирани согл...

Бизнис идеја со помала инвестиција - Линија за производство на цемент, лепак за плочки

Изображение
Ви презентираме една перспективна идеја за почнување на свој бизнис со помала инвестиција. Проект:  Линија за производство на цемент , лепак за плочки . Една од предностите на овој производствен проект е што се постигнува финални производи потребни во градежништвото и внатрешното уредување на градежни објекти.  За реализација на оваа бизнис идеја , потребен е објект тоест простор за производство и линија за производство којашто се состои од следните машини: 1) Транспортер на суровини; 2) Миксер машина; 3) Транспортер на измиксаната смеса; 4) Танкер; 5) Машина за пакување во вреќи. За други информации, можете да се јавите на контакт број: 077/ 816-447 или 0038971489048 (Viber, WhatsApp)

АФПЗРР - Финансиска поддршка за растително и сточарско Органско производство (за производители, откупувачи и трговци)

Изображение
Неодамнешното соопштение на  АФПЗРР гласи дека е во тек аплицирањето за дополнителни директни плаќања за растително и сточарско производство, коешто е сертифицирано како органско. Опфатено е исто така производството во преод кон органско. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства коишто веќе имаат сертификат или се во фаза на преод кон органско производство .  Може да аплицираат и сопственици на земјоделски површини, наменети за зелено ѓубрење коешто е во функција на постигнување органско производство .  Може да се аплицира до 25 декември. Одговорното лице од АФПЗРР наведува дека корисници на оваа мерка можат да бидат исто така и откупувачи и трговци на земјоделски производи, коишто имаат произведено преработки на примарни органски производи или доработка и пакување на самоникнати плодови од домашно потекло. Земјоделските стопанства коишто имаат сертификат за органско производство, можат да поднесат барања за финансиска поддршка во висина од 50% од трошоци...

Пазар на дрвени пелети - раст, трендови и предвидувања 2021 - 2026 година

Изображение
На почетокот од грејната сезона, одново станува актуелна темата греење на пелети , како една од поекономичните опции за греење . Од друга страна, се поставува прашањето каква е состојбата со пелети во пошироки рамки. Во продолжение на овој текст можете да дознаете повеќе во врска со тоа. Глобалниот пазар на дрвени пелети во 2020 година се проценува на 10,5 милијарди американски долари, а се очекува да достигне 15,6 милијарди американски долари до 2026 година, со пондерирана годишна стапка на раст од 7,28% во текот на 2021-2026 година. Примарен двигател на пазарот на дрвени пелети претставува зголемената побарувачка за дрвени пелети во производството на еколошки почиста енергија , особено во Европа. Примената на дрвени пелети за греење имаше значителен пазарен удел во 2020 година и веројатно ќе доминира на пазарот во текот на прогнозниот период. Според Светската асоцијација за биоенергија, дрвените пелети имаат потенцијал да го заменат јагленот во капацитетите за производство...