ФИТР - јавен повик / 9 идеи за дигитализација во земјоделско-прехранбениот сектор
Отворен е нов јавен повик Фондот за иновации и технолошки развој под наслов „Со дигитална трансформација до иновација”, за којшто со проекти може да аплицираат мали и средни претпријатија од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор. Целта на овој јавен повик од ФИТР е да се унапреди иновативноства и конкурентноста на претпријатијата преку воведување на дигитални решенија со коишто би постигнале дигитална трансформација во работењето. Вкупниот буџет за проектите што ќе бидат одобрени, изнесува 18.450.000 денари. Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проект од микро или мало претпријатие, односно до 50% вкупниот буџет за проект од средни претпријатија. Максималниот одобрен износ изнесува 1.845.000 денари. Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 20.03.2023 година, до 14:00 часот. 9 идеи за дигитализација во земјоделско-прехранбениот сектор Соодвети идеи за проект може да бидат следните: 1. Онлајн и мобилни платформи кои ја олеснуваат продажбат...