ФИТР - Јавен конкурс за кофинансирани грантови за претпријатија и ПЗУ за технолошки развој
Отворен е нов јавен повик Фондот за иновации и технолошки развој под наслов Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст. С о проекти може да аплицираат мали и средни претпријатија и ПЗУ - приватни здравствени установи. Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проект од претпријатија или ПЗУ коишто имаат до 50 вработени, но не повеќе од 5 милиони денари, односно до 60% од вкупниот буџет за проект од средни претпријатија или ПЗУ коишто имаат од 50 до 250 вработени. Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 05.05.2023 година, до 14:00 часот. Доколку ви е потребна помош при подготовката на проект и аплицирањето, можете да не контактирате преку следниот број 077/ 816 447. Исто така, изработуваме и други видови на проекти. Image by usertrmk on Freepik