АФПЗРР - Финансиска поддршка за растително и сточарско Органско производство (за производители, откупувачи и трговци)

Неодамнешното соопштение на АФПЗРР гласи дека е во тек аплицирањето за дополнителни директни плаќања за растително и сточарско производство, коешто е сертифицирано како органско. Опфатено е исто така производството во преод кон органско.
Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства коишто веќе имаат сертификат или се во фаза на преод кон органско производство

Може да аплицираат и сопственици на земјоделски површини, наменети за зелено ѓубрење коешто е во функција на постигнување органско производство

Може да се аплицира до 25 декември.
Одговорното лице од АФПЗРР наведува дека корисници на оваа мерка можат да бидат исто така и откупувачи и трговци на земјоделски производи, коишто имаат произведено преработки на примарни органски производи или доработка и пакување на самоникнати плодови од домашно потекло.

Земјоделските стопанства коишто имаат сертификат за органско производство, можат да поднесат барања за финансиска поддршка во висина од 50% од трошоците за стручна контрола и сертификација.

Коментари

Популярни публикации от този блог

Најава за ИПАРД Мерка 3 - Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи

ФИТР - јавен повик / 9 идеи за дигитализација во земјоделско-прехранбениот сектор

Бизнис со 2 машини - Производство на пелети (Мала инвестиција - Висока профитна стапка)