Публикации

Показват се публикации с етикета грантови

Најава за ИПАРД Мерка 3 - Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи

Изображение
Најавен е јавниот повик од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за ИПАРД  програмата, за користење на средства по мерка 3  – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи. Јавниот повик ќе биде објавен во текот на вториот квартал од оваа година, а периодот за аплицирање ќе трае 45 дена од денот на објавувањето во дневните весници. Финансиски средства се доделуваат како неповратна финансиска поддршка ( грантови ) во максимален износ од 1,5 милиони евра, кој изнесува 50% од вкупната вредност на прифатливите трошоци за инвестициите. Мерка 3 - Приоритетни сектори За оваа мерка, приоритетни сектори односно типови на инвестиции се следниве: - Млеко и млечни производи; - Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина); - Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури); - Житарки, мелнички продукти и скроб; - Растителни производи и масла и маснотии од животни; - Шира, вино...

ФИТР - Јавен конкурс за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации

Изображение
Отворен е нов јавен повик  Фондот за иновации и технолошки развој под наслов: Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации . Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) сѐ до прет-комерцијална (прет-пазарна) фаза. Кој може да аплицира  С о  проекти  може да аплицираат мали и средни претпријатија со над 3 (три) години на постоење и до моментот на аплицирање да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за последните две календарски години. Износ на ф инансиската поддршка Финансиската поддршка во максимален износ од 20.000.000,00 (дваесет милиони) денари. Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проект од претпријатија коишто имаат до 50 вработени, односно до 60% од вкупниот буџет за проект од средни претпријатија коишто имаат од 50 до 250 вработени. Рокот за аплицирање на...

ФИТР - Јавен конкурс за кофинансирани грантови за претпријатија и ПЗУ за технолошки развој

Изображение
Отворен е нов јавен повик  Фондот за иновации и технолошки развој под наслов Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст. С о проекти може да аплицираат мали и средни претпријатија и ПЗУ - приватни здравствени установи.  Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проект од претпријатија или ПЗУ коишто имаат до 50 вработени, но не повеќе од 5 милиони денари, односно до 60% од вкупниот буџет за проект од средни претпријатија или ПЗУ коишто имаат од 50 до 250 вработени. Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 05.05.2023 година, до 14:00 часот. Доколку ви е потребна помош при подготовката на проект и аплицирањето, можете да не контактирате преку следниот број 077/ 816 447. Исто така, изработуваме и други видови на проекти. Image by usertrmk on Freepik