АФПЗРР - Финансиска поддршка за растително и сточарско Органско производство (за производители, откупувачи и трговци)
Неодамнешното соопштение на АФПЗРР гласи дека е во тек аплицирањето за дополнителни директни плаќања за растително и сточарско производство, коешто е сертифицирано како органско. Опфатено е исто така производството во преод кон органско. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства коишто веќе имаат сертификат или се во фаза на преод кон органско производство . Може да аплицираат и сопственици на земјоделски површини, наменети за зелено ѓубрење коешто е во функција на постигнување органско производство . Може да се аплицира до 25 декември. Одговорното лице од АФПЗРР наведува дека корисници на оваа мерка можат да бидат исто така и откупувачи и трговци на земјоделски производи, коишто имаат произведено преработки на примарни органски производи или доработка и пакување на самоникнати плодови од домашно потекло. Земјоделските стопанства коишто имаат сертификат за органско производство, можат да поднесат барања за финансиска поддршка во висина од 50% од трошоци...