Агро дрон - современа технологија за поголема продуктивност и повисоки приноси во земјоделството

Употребата на агро дрон во земјоделството е се повеќе застапена во светски рамки. Агро дрон е беспилотно летало коешто е наменето за побрзо и поефикасно третирање при заштитата на земјоделските култури, како и за следење и управување на состојбите на земјоделските површини.

Агро дрон може да се употребува како во полјоделството, така и во овоштарството и лозарството. Употребата на агро дрон во земјоделството е економски исплатлива, посебно кога е потребно третирање на поголеми површини, над 5 хектари.

Предности на употребата на адро дрон при третирањето во заштитата на земјоделските култури

Една од основните и најважните активности во земјоделството е третирањето на растенијата со препарати во течна состојба за заштита од штетници и болести. Притоа, употребата на агро дрон ги има следните предности:

1) Заштеда на вода и препарати.
Заради поситните капки, има значително помала потрошувачка на вода во однос на класичниот начин на третирање. Со едно полнење на резервоарот на еден агро дрон може да се третира еден хектар површина. За истата површина,  со класичен начин се троши повеќекратно повеќе количина на вода и препарати.

2) Третирањето со агро дрон се прави одозгора такашто ги опфаќа горните делови на повисоките растенија, коишто се потешко достапни при класичниот начин на третирање.

3) Помала потрошувачка на енергија.
Дронот работи на батерија чиешто полнење е многу помал трошок во споредба со потрошеното гориво при третирањето со употреба на друга земјоделска механизација.

4) Со агро дрон се постигнува поголема брзина на третирање на растенијата.

5) Заштеда на трошоци за работна рака во споредба со класичниот начин. На пример, ако за рачно прскање на една површина се потребни 16 работни часови, истото може со агро дрон да биде постигнато за околу еден час. Со тоа значително се намалуваат трошоците по овој основ.

Перспективни начини за употреба на агро дрон во агрокултурата

Вообичаено еден агро дрон има вградена камера којашто може да се поврзе со систем на следење на компјутер или на смартфон. Врз основа на тоа, постојат дополнителни перспективни начини за употреба на агро дронот кај овоштарниците и расадниците:

1) Следење на развојот и волуменот на растенијата;
2) Следење на здравјето и квалитетот на растенијата;
3) Управување со вода, хранливи материи, штетници и болести во сезона;
4) Проценка на производството и приносот; и
5) Креирање на маркетинг алатки (видеа за промоција на производителот или за продажба на садници и плодови).

Би можело да се дојде до заклучок дека употребата на агро дрон значи вклучување кон современите трендови во земјоделството, со цел постигнување на поголема продуктивност и повисоки приноси. 

Доколку сте заинтересирани за набавка на агро дрон, за повеќе информации и за понуда можете да се обратите до Некст консалтинг ДООЕЛ,
Контакт броеви: 077/ 816-447 или 0038971489048 (Viber, WhatsApp)

Исто така, изработуваме проекти за финансирање на набавката на агро дрон со програмите за развој на земјоделството и примената на современите технологии во оваа област.

Коментари

Популярни публикации от този блог

Најава за ИПАРД Мерка 3 - Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи

ФИТР - јавен повик / 9 идеи за дигитализација во земјоделско-прехранбениот сектор

Бизнис со 2 машини - Производство на пелети (Мала инвестиција - Висока профитна стапка)