Публикации

Показват се публикации с етикета проекти

ФИТР - Јавен конкурс за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации

Изображение
Отворен е нов јавен повик  Фондот за иновации и технолошки развој под наслов: Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации . Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) сѐ до прет-комерцијална (прет-пазарна) фаза. Кој може да аплицира  С о  проекти  може да аплицираат мали и средни претпријатија со над 3 (три) години на постоење и до моментот на аплицирање да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за последните две календарски години. Износ на ф инансиската поддршка Финансиската поддршка во максимален износ од 20.000.000,00 (дваесет милиони) денари. Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проект од претпријатија коишто имаат до 50 вработени, односно до 60% од вкупниот буџет за проект од средни претпријатија коишто имаат од 50 до 250 вработени. Рокот за аплицирање на...

ФИТР - Јавен конкурс за кофинансирани грантови за претпријатија и ПЗУ за технолошки развој

Изображение
Отворен е нов јавен повик  Фондот за иновации и технолошки развој под наслов Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст. С о проекти може да аплицираат мали и средни претпријатија и ПЗУ - приватни здравствени установи.  Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проект од претпријатија или ПЗУ коишто имаат до 50 вработени, но не повеќе од 5 милиони денари, односно до 60% од вкупниот буџет за проект од средни претпријатија или ПЗУ коишто имаат од 50 до 250 вработени. Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 05.05.2023 година, до 14:00 часот. Доколку ви е потребна помош при подготовката на проект и аплицирањето, можете да не контактирате преку следниот број 077/ 816 447. Исто така, изработуваме и други видови на проекти. Image by usertrmk on Freepik

Агро дрон - современа технологија за поголема продуктивност и повисоки приноси во земјоделството

Изображение
Употребата на агро дрон во земјоделството е се повеќе застапена во светски рамки. Агро дрон е беспилотно летало коешто е наменето за побрзо и поефикасно третирање при заштитата на земјоделските култури, како и за следење и управување на состојбите на земјоделските површини. Агро дрон може да се употребува како во полјоделството, така и во овоштарството и лозарството. Употребата на агро дрон во земјоделството е економски исплатлива, посебно кога е потребно третирање на поголеми површини, над 5 хектари. Предности на употребата на адро дрон при третирањето во заштитата на земјоделските култури Една од основните и најважните активности во земјоделството е третирањето на растенијата со препарати во течна состојба за заштита од штетници и болести. Притоа, употребата на агро дрон ги има следните предности: 1) Заштеда на вода и препарати. Заради поситните капки, има значително помала потрошувачка на вода во однос на класичниот начин на третирање. Со едно полнење на резервоарот на еде...