МЗШВ Јавен повик март 2023 / Финансирање на земјоделски производители на храна (Неповратна финансиска подршка)
Финансиската поддршка е секогаш добредојдена како во примарното земјоделско производство така и во секторите на доработка и преработка на земјоделски производи,
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство односно МЗШВ на 09.03.2023 објави нов јавен повик за финансирање на земјоделски производители на храна од неживотинско и животинско потекло.
Право на учество имаат земјоделски стопанства, правни и физички лица, запишани во Единствениот регистар и евидентирани како оператори на храна.
Право на учество имаат земјоделски стопанства, правни и физички лица, запишани во Единствениот регистар и евидентирани како оператори на храна.
Висина на неповратната финансиска подршка
Висината на неповратната финансиска подршка од оваа програма изнесува до 600 илјади денари по корисник. Финансиската подршка може да биде за следните намени
- трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90% и/или
- трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.
Рок за аплицирање
Рокот за аплицирање е 25 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.
За повеќе информации и за понуда на услуги во врска со подготовката на деловниот план и другата потребна документација, можете да ни се обратите на следниот контакт број: 077/ 816 447.
Ве очекуваме.
Image by FreepikВе очекуваме.

Коментари
Публикуване на коментар