Публикации

Показват се публикации от юни, 2022

Агро дрон - современа технологија за поголема продуктивност и повисоки приноси во земјоделството

Изображение
Употребата на агро дрон во земјоделството е се повеќе застапена во светски рамки. Агро дрон е беспилотно летало коешто е наменето за побрзо и поефикасно третирање при заштитата на земјоделските култури, како и за следење и управување на состојбите на земјоделските површини. Агро дрон може да се употребува како во полјоделството, така и во овоштарството и лозарството. Употребата на агро дрон во земјоделството е економски исплатлива, посебно кога е потребно третирање на поголеми површини, над 5 хектари. Предности на употребата на адро дрон при третирањето во заштитата на земјоделските култури Една од основните и најважните активности во земјоделството е третирањето на растенијата со препарати во течна состојба за заштита од штетници и болести. Притоа, употребата на агро дрон ги има следните предности: 1) Заштеда на вода и препарати. Заради поситните капки, има значително помала потрошувачка на вода во однос на класичниот начин на третирање. Со едно полнење на резервоарот на еде...