Публикации

Пазар на дрвени пелети - раст, трендови и предвидувања 2021 - 2026 година

Изображение
На почетокот од грејната сезона, одново станува актуелна темата греење на пелети , како една од поекономичните опции за греење . Од друга страна, се поставува прашањето каква е состојбата со пелети во пошироки рамки. Во продолжение на овој текст можете да дознаете повеќе во врска со тоа. Глобалниот пазар на дрвени пелети во 2020 година се проценува на 10,5 милијарди американски долари, а се очекува да достигне 15,6 милијарди американски долари до 2026 година, со пондерирана годишна стапка на раст од 7,28% во текот на 2021-2026 година. Примарен двигател на пазарот на дрвени пелети претставува зголемената побарувачка за дрвени пелети во производството на еколошки почиста енергија , особено во Европа. Примената на дрвени пелети за греење имаше значителен пазарен удел во 2020 година и веројатно ќе доминира на пазарот во текот на прогнозниот период. Според Светската асоцијација за биоенергија, дрвените пелети имаат потенцијал да го заменат јагленот во капацитетите за производство...

Бизнис со 2 машини - Производство на пелети (Мала инвестиција - Висока профитна стапка)

Изображение
Доколку се прашувате како би можеле да започнете сопствен бизнис со помала инвестиција, но со добра заработка, ова би можело да биде интересна идеја за вас. Станува збор за производство на пелети . Постојат пелети за различна намена (топлинска енергија, био гориво, сточна храна). Со добар избор на машини, вие би можеле да произведете различни видови на пелети. Машина за дробење на дрвена маса до пилевина (дробилка) Суровини за оваа дробилка може да бидат гранки од дрво, парчиња дрво и отпаден дрвен материјал со дијаметар помал од 13 цм. Добиената големина на струготини од дрво ( пилевина ) може да биде: 2 мм, 3 мм, 6 мм, 8 мм, 10 мм, 12 мм, спрема потребите, Машината има контролна метална мрежа за дробење којашто е прилагодлива. Моторот може да биде електричен или дизел, спрема потребите. Електрична снага на моторот: 7,5 кW. Капацитет: 1 тон/ час. Машината има два влеза. Освен за производство на пилевина за пелети, машината може да се употребува исто така и за следнот...

Со мерка 7 од ИПАРД програмата станете Производител на пиво или други пијалоци

Изображение
Photo by form Pxhere За неповратни грантови од 65% со мерката 7 од ИПАРД програмата, можете да аплицирате за следните типови на инвестиции : - Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво ; - Колачи, тестенини и пекарски производи ; - Чај и билни екстракти ; - Зачини и билки; - Други производи. Кој може да аплицира За оваа мерка од ИПАРД програмата може да аплицираат: - физички лица коишто имаат место на живеење во рурална средина и коишто имаат идеја да започнат со производство во некоја од наведените типови на инвестиции (производители на пиво, ракија од грозје или овошје и друго); - правни лица (фирми), регистрирани во Централниот регистар како микро и мали претпријатија што би значело да имаат помалку од 50 вработени и годишен приход помалку од 10 милиони евра. Вкупната вредност на инвестицијата може да биде од 1500 евра до 1 милион евра. За подготвување на деловен план и на целокупната документација за аплицирање, можете да се обратите до Некст консалтинг пре...