Со мерка 7 од ИПАРД програмата станете Производител на пиво или други пијалоци

Photo by form Pxhere
За неповратни грантови од 65% со мерката 7 од ИПАРД програмата, можете да аплицирате за следните типови на инвестиции:
- Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
- Колачи, тестенини и пекарски производи;
- Чај и билни екстракти;
- Зачини и билки;
- Други производи.

Кој може да аплицира

За оваа мерка од ИПАРД програмата може да аплицираат:
- физички лица коишто имаат место на живеење во рурална средина и коишто имаат идеја да започнат со производство во некоја од наведените типови на инвестиции (производители на пиво, ракија од грозје или овошје и друго);
- правни лица (фирми), регистрирани во Централниот регистар како микро и мали претпријатија што би значело да имаат помалку од 50 вработени и годишен приход помалку од 10 милиони евра.

Вкупната вредност на инвестицијата може да биде од 1500 евра до 1 милион евра.

За подготвување на деловен план и на целокупната документација за аплицирање, можете да се обратите до Некст консалтинг преку следните контакт броеви: 077/ 816-447,
0038971489048 (Viber, WhatsApp).

Аплицирањето за оваа мерка од ИПАРД програмата започнува во првата половина на месец јуни 2021 година. Јавниот повик би траел најмалку 45 дена од денот на неговото објавување во дневните весници.


Коментари

Популярни публикации от този блог

Најава за ИПАРД Мерка 3 - Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи

ФИТР - јавен повик / 9 идеи за дигитализација во земјоделско-прехранбениот сектор

Бизнис со 2 машини - Производство на пелети (Мала инвестиција - Висока профитна стапка)