ФИТР - Јавен конкурс за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации
Отворен е нов јавен повик Фондот за иновации и технолошки развој под наслов:
Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации.
Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) сѐ до прет-комерцијална (прет-пазарна) фаза.
Кој може да аплицира
Со проекти може да аплицираат мали и средни претпријатија со над 3 (три) години на постоење и до моментот на аплицирање да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за последните две календарски години.Износ на финансиската поддршка
Финансиската поддршка во максимален износ од 20.000.000,00 (дваесет милиони) денари.
Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проект од претпријатија коишто имаат до 50 вработени, односно до 60% од вкупниот буџет за проект од средни претпријатија коишто имаат од 50 до 250 вработени.
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 10.07.2023 година, до 14:00 часот.
Доколку ви е потребна помош при подготовката на проект и аплицирањето, можете да не контактирате преку следниот број 077/ 816 447.
Исто така, изработуваме и други видови на проекти.

Коментари
Публикуване на коментар